Шпанија без Педри до крајот на ЕП: Фаулот на Крос беше страшен, а Германецот не доби ни жолт картон (Видео)

Шпанија е првата репрезентација која обезбеди место во полуфиналето на ЕП и тоа откако со 2:1 ја елиминираше Германија, во меч кој траеше 120 минути. Црвената фурија со гол во 119 минута стигна до победа, откако преѕходно пропушти да се радува и по регуларните 90 минути, затоа што Германија израмни со погодок во 89 минута.

Освен головите, дуелот го одбележа и повредата на Педри. Стартерот на Шпанија се повреди по само неколку минути од почетокот на средбата кога беше фаулиран од Тони Крос. Остар и директно на колено беше стартот на Крос, кој дури не доби ни жолт картон од судијата Тејлор.

Педри остана да се жали на болка и мораше да биде заменет.

„Педри има повреда на левото колено и треба да му бидат направени дополнителни прегледи. Тоа што се знае е дека ова ЕП за него е завршено“, напиша шпанскиот новинар Алфредо Мартинез.

- Оглас -

Најнови вести