Шпанија броеше до седум, Данска на прагот да резервира билет за ЕП (видео)

Иако не им беше потребна, Шпанците запишаа убедлива победа од 7-0 против Малта во меч во кој погодоците ги реализираа шест различни фудбалери.

Голеадата во Кадиз ја започна Мората во 23-тата минута, а емоциите се разбудија кога Санти Касорла по точно три години пауза повторно се запиша во листата стрелци за Црвената фурија. Во второто полувреме на гол се израдуваа Торес, Сарабија, Олмо, Морено и Навас.

Шведска со победата од 2-0 на гостувањето кај Романија и заедно со Шпанците од групата Ф обезбедија пласман на ЕП.

https://twitter.com/eMiaSanMia/status/1195450696814022656

Данска е на прагот да резервира билет за ЕП 2020 по убедливите 6-0 против Гибралтар. На еден меч до крајот на квалификациите, Данците имаат 15 бода и гол-разлика од 21-5, но потребно им е да останат непоразени во дуелот против Ирска за да го задржат првото место во групата Д им припадна ним. Сков и Ериксен со по два погодоци ја предводеше Данска, Гиткјаер и Брајтвејт ги решија сите дилеми.

Италија славеше со 3-0 против БиХ на гостувањето во Зеница, Швајцарците минимално ја совладаа Грузија со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести