Шпанија е без победа и по две кола на ЕП

Шпанија втор пат разочара на Европското првенство, откако одигра само 1:1 во дуелот против Полска. Црвената фурија беше фаворит за трите бода, но на крајот мораше да се задоволи само со еден бод. По две одиграни кола, Шпанија има само два бода и моментно е на третото место во групата, зад лидерот Шведска со 4 и Словачка која има три бода.

Некогашните европски и светски прваци добро започнаа и по 25 минути игра, имаа предност со голот на Алваро Мората. Судијата прво го поништи погодокот на Мората, но по повторената снимка и консултацијата со ВАР системот, голот беше признат.

На почетокот на вториот дел, Полска израмни благодарение на најдобриот стрелец во Европа за минатата година, Роберт Левандовски. Капитенотна Полска погоди за 1:1 во 54 минута. Само три минути подоцна, Шпанија повторно имаше шанса за да дојде во водство.

Повторно со помош на ВАР системот, Шпанија доби пресува во своја корст, а овојпат тоа беше пенал. Голгетерот Морено шутираше, но неговиот удар заврши во стативата. До крајот на средбата, резултатот не се смени, иако Шпанија имаше целосна доминација на теренот. Црвената фурија имаше околу 70 отсто посед на топка, изведоа седум корнери, шутнаа 12 пати, но дадоа само еден гол во цел меч.

Во последното коло Шпанија ќе игра против Словачка и ќе мора да брка победа., додека Полска за ривал ќе ја има Шведска.

- Оглас -

Најнови вести