Шпанија и Франција се бркаа кој ќе оствари поубедлива победа

Шпанија ја запиша четвртата победа во квалификациите за Мундобаскетот 2023 откако Исланд лесно падна во Памплона со убедливи 87:57. Светскиот првак повторно е лидер во групата Л со 9 бода, колку што има и Италија.

Двоцифрена предност оствари Фуријата уште во првиот период, па во раната фаза се предвидуваше дебакл за гостите од Исланд, кои пак не можеа да постигнат повеќе од 17 периоди во ниту една од четвртините. Вили Ернангомес со 19 поени и 8 скока ја предводеше Шпанија, Фридриксен со 14 поени беше најефикасен играч од составот на Исланд.

Во меѓувреме уште поубедлив триумф запиша Франција, шести по седум кола, а во Париз декласирана беше селекцијата на Чешка со 95:60. Иако Чесите влегоа фуриозно освојувајќи го првиот период со 27-18, нивната игра потполно опадна во второто полувреме.

Триколорите стигнаа до пресврт кога во третите 10 минути постигнаа 28, а примија само 8 поени, а на крајот се оствари лесна победа во која Луваву и Јабуселе предводеа со по 16 поени.

Останати резултати:

Грузија 77:66 Холандија, Украина 89:97 Италија, Унгарија 78:88 Литванија, Црна Гора 88:69 БиХ.

- Оглас -

Најнови вести