Шпанија и со Б тим е пресилна за нас, но Македонија го доби Тео Симиќ

Шпанија и без НБА и евролигашките ѕвезди, доста лесно ја совлада Македонија во „Јане Сандански“ со 94-65 и остана непоразена во дуелите со нашата кошаркарска репрезентација.

Позитивна вест за селекторот Драган Бајиќ и македонската кошарка воопшто е што добиваме играч кој може да биде лидер на репрезентацијата во наредната деценија и повеќе.

Теодор Симиќ со 18 поени беше најефикасен во македонскиот национален тим, и покажа дека во него е светла репрезентативна кариера. Симиќ има само 17 години, но веќе на дебито за сениорската селекција покажа дека сериозно може да се смета на него.

Освен тинејџерот Симиќ, двоцифрен број на поени кај Македонија имапе и Џејкоб Вајли кој на моменти одигра атрактивно и финишираше со 10 поени.

За Македонија, следува гостување кај Украина, кое може да биде едно од клучните во овие квалификации за СП 2023. Украинците денеска загубија од Грузија, па борбата за второто и третото место кои водат во следната фаза, ќе биде голема.

- Оглас -

Најнови вести