Шпанија испадна од СП, а низ улиците на Барселона се славеше (Видео)

Репрезентацијата на Мароко ја победи Шпанија по подобро изведување на пенали и африканската селекција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Поразот на Шпанија беше шокантен за сите фанови на Црвената фурија, но во Барселона се случи нешто незапамтено. Луѓе на улиците излезени, со факели и песни славеа за победата на Мароко против Шпанија.

Првичните шпекулации беа дека тоа се каталонците, но сепак потоа беше демантирано и потврдено дека се работи за Мароканци кои живеат во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести