Шпанија ја елиминираше Србија и си закажа полуфинале со Хрватска

Шпанија – Хрватска и Унгарија – Италија се полуфиналните двојки на Светското првенство во ватерполо за мажи, кое се одржува во Јужна Кореја.

Шпанците во четврт-финалната рунда ја совладаа подмладената селекција на Србија со 12-9, откако првото полувреме го добија со 7-3. Нивен следен ривал е Хрватска, од која никогаш не загубиле на СП, но Хрватите сепак имаат позитивен биланс против Шпанија во последните меѓусебни дуели. Баракудите ја совладаа Германија со 10-8, можеби и потешко од очекувањата, но можеби силите си ги чуваа за полуфиналето.

Другите два четврт-финални меча завршија со минимални победи. Унгарија ја совлада Австралија со 10-9, а најнеефикасно беше на мечот помеѓу Италија и Грција, кој Аѕурите го добија со 7-6.

Женските четврт-финални двобои се закажани за утре претпладне.

- Оглас -

Најнови вести