Шпанија натурализира Американец како засилување за Евробаскетот

Актуелниот светски кошаркарски првак, селекцијата на Шпанија има нов репрезентативец. Се работи за Американецот Лоренцо Браун, кој доби шпански пасош за да може да игра во дресот на Црвената фурија на Евробаскетот кој ќе се игра во септември оваа година.

Браун беше непознат во европската кошарка, но кога потпиша за Црвена ѕвезда, го покажа целиот свој квалитет. Потоа замина во Фенербахче, па играше во Уникс, а сега е дел од тимот на Макаби.

Американецот нема никаква поврзаност со Шпанија, ниту е роден таму, ниту играл таму, а во земјата патувал само како гостински играч. Сега ќе биде дел од селекцијата предводена од селекторот Серџо Скариоло, кому му требаше добар бек по повлекувањето на Серхио Родригез и повредата на Рики Рубио. Браун сега треба да биде прва опција на плејмејкерската позиција во Шпанија.

Браун има и НБА-искуство, каде што настапуваше за Торонто, Филаделфија, Минесота и Феникс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести