Шпанија покажува како треба да играат фаворитите на Мундијалот

Шпанија има предност од 3:0 по првото полувреме во дуелот против Костарика, во меч од првото коло во Е групата. Црвента фурија доминантно започна, а првиот гол го постигна Дани Олмо во 11-тата минута.

Овој погодок на Олмо беше и јубилеен 100-ти погодок за Шпанија на Светските првенства. Тоа е само шестата репрезентација која има троцифрен број голови на Мундијалите, приклучувајќи им се на Бразил (229 голови), Германија (227), Италија (138), Аргентина (128) и Франција со 124 погодоци.

По овој гол на Олмо, Шпанија продолжи да напаѓа, па до полувреме постигнаа уште два гола. Марко Асенсио, кој не добива многу шанса да игра во Реал Мадрид, покажа дека е во добра форма и во 21-вата минута зголеми на 2:0.

По половина час игра, Шпанија се израдува и по трет пат. Беше досуден пенал за Црвената фурија, а Феран Торес погоди од белата точка.

Колку беше Костарика во подредена ситуација во првиот дел, покажува и фактот дека тие имаа само 17 отсто посед на топка, а не упатија никаков удар кон противничкиот гол и немаа ниту еден корнер.

- Оглас -

Најнови вести