Шпанија постави нов рекорд на европските првенства

Шпанската ракометна репрезентација покажува зошто го има приматот на актуелен бранител на континеталниот трон. Црвената фурија игра одлично на ЕП и досега во четири меча има исто толку победи и тоа сите беа убедливи со повеќе од 5 разлика.

Со вчерашната победа над Чешка (31:25), Шпанците поставија и еден рекорд на континенталните собири. Тоа бее нивна седма последовна победа на ЕП, нешто што претходно не му успеало на ниедна селекција. На ЕП 2018 во Хрватска, Шпанија славеше против Германија, Франција и против Шведска во финалето, а низата продолжи сега во Австрија со триумфите над Летонија, Германија, Холандија и Чешка.

Следен противник на Црвената фурија ќе биде домаќинот Австрија, а до крајот на групната фаза ќе играат и против Белорусија и Хрватска.

 

- Оглас -

Најнови вести