Шпанија продолжува со перфектната игра: Црвената фурија со лекција за Чешка

Ракометниот европски првак Шпанија ја победи Чешка со 31:25 во мечот со кој стартуваше втората фаза од Европското првенство. Црвената фурија речиси во текот на целиот меч имаше сигурна предност од неколку погодоци. Во првото полувреме фаворитот стигна до предност од пет гола (14:9), а во второто полувреме Чешка само еднаш успеа да намали на три разлика, но тоа беше далеку од можност да се направи пресврт.

Шпанците стигнаа и до двоцифрена предност, па во финишот само рутински одиграа за да стигнат до нова радост.Со овој триумф Шпанија стигна до 4 бода во новата група и е со добри шанси да се пласира во полуфиналето, што е и главна цел на Црвената фурија, како што вчера ни изјави Жоан Кањелас.

Алекс Душебаев и Фернандеш со по пет гола беа најефикасни кај Шпанија, додека Здрахала даде осум гола за Чешка. Денеска се играат уште дба меча. Хрватска игра против Австрија, а Белорусија ќе се сретне со Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести