Шпанија се потсети како е да се освои медал на ракометно СП

Шпанија ја победија Франција со 35-29 во дуелот за трето место на ракометниот Мундијал во Египет, и ова е прв медал за Шпанците на светските првенства за мажи откако во 2013 година станаа планетарни шампиони.

Црвената фурија беше помотивирана и доминираше против национален тим од кој во минатото најчесто губеа во меѓусебните дуели. Ова беше дуел на две селекции кои освоија шест од последните осум злата, а овојпат Шпанија мораше да се задоволи со бронза, додека Французите ќе чекаат следна прилика за освојување на мундијалски медал.

Шпанската репрезентација е најискусна на првенството, имаат состав со просечна возраст на играчите од 30,2 години, и оваа група ветерани и искусни ракометари сакаа да се закитат со каков-таков медал, откако во полуфиналето им побегна шансата за посакуваното злато. За Франција ова е втор пораз во шесте меча за трето место на СП.

Браќата Алекс и Даниел Душебаеви заедно дадоа 14 гола и беа најефикасни во шпанскиот тим, а на голот блескаше Коралес со 18 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести