Шпанија се разбуди и освои бодови против Јапонија

Шпанија се разбуди во второто полувреме против Јапонија и победи со 26:22, но не блескаше на мечот од третото коло во нашата група на ракометниот Мундијал.

Јапонците изненадија со одлична игра во првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 11:10. Клучна за исходот на мечот беше серијата на фаворитот од 6:1 на почетокот на вториот дел, а отпорот на Јапонците беше скршен многу потешко од очекувањата.

Десното крило Фeран Соле со 8 голови повторно беше најефикасен кај Шпанците, Ентрериос даде пет, а поранешниот вардарец Канелјас постигна 4 погодоци.

Шпанија ќе ни биде следен противник во фазата по групи и со неа ќе играме задутре, од 20.30 часот.

Вечерва се играа уште три натпревари, а убедливи победи забележаа Данска, Франција и Шведска. Данците ја победија Саудиска Арабија со 34:22, актуелниот светски прваци Французите беа многу подобри од Кореја и славеа со 34:23, а најубедливи беа Швеѓаните со триумф од 37:19 против Ангола.

 

- Оглас -

Најнови вести