Шпанија – Србија е дербито на денот на Мундобаскетот

Второто коло од втората фаза на Мундобаскетот носи големо дерби меѓу непоразените репрезентации на Србија и Шпанија. Двете селекции се меѓу фаворитите за освојување на златниот медал, а денес (14:30ч) ќе ги одмерат силите во битка за првата позиција во групата Ј.

Победникот од оваа група ќе се соочи со втората репзентација од групата И во четвртфиналето, а таму распоредот ќе се знае по дуелот меѓу Аргентина и Полска (14ч).

Црвента фурија и Орлите досега се сретнале деветпати во натпреварувања од светски и европски рамки. Ова ќе им биде петти меѓусебен дуел на Мундобаскетот, а последен пат се сретнаа во групната фаза од СП 2014 година, кога Шпанија славеше со 89:73. Инаку, Шпанците имаат вкупно шест победи против актуелниот светски и европски вицепрвак.

Покрај ова дерби и веќе споменатиот дуел меѓу Аргентина и Полска, се играат уште два меча во втората фаза меѓу Венецуела и Русија (10ч), односно Порторико и Италија (10:30ч).

Четири меча се предвидени и во фазата на елиминирани, а таму играат: БСК – Јужна Кореја (10ч), Тунис – Ангола (10ч), Иран – Филипини (14ч) и Кина – Нигерија (14ч).

- Оглас -

Најнови вести