Шпанија вечерва ќе покаже каква е македонската фудбалска иднина

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година вечерва гостува во Алкоркон на Шпанија во меч од квалификациите за пласман на ЕП. Ова може да се каже дека е дерби во групата, во која Црвената фурија има максимални девет бода од три меча, а Македонија е со седум бодови од исто толку одиграни средби.

Шпанците не само што досега немаат загубено ниту еден бод, туку немаат примено ниту еден гол. Сепак, нашите надежи покажаа дека голгетерски може да бидат расположени и досега имаат дадено 10 погодоци.

„Нѐ очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата“, порача Давор Здравковски пред мечот.

Шпанија ќе биде без својот најдобар млад играч Дани Олмо, кој доби повик за сениорскиот тим, но и без играчот на Динамо Загреб, домаќините се големи фаворити против Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести