Шпанките максимално сериозно го сфаќаат гостувањето во Скопје иако се огромни фаворитки

Шпанија е апсолутен фаворит на вечерашното гостување од 18 часот против Македонија од квалификациите за Европското првенство во ракомет за жени, а Шпанките овој меч го сфаќаат максимално сериозно.

Влезот во „Борис Трајковски“ е слободен, убаво би било трибините да бидат солидно исполнети и девојките да добијат голема поддршка во обид да приредат изненадување.

„Воинките“, како што е прекарот на женската ракометна Црвена фурија, веќе трети ден се во Скопје, го најавуваат како директна борба за прво место, а дуелот со Македонија им е важен и затоа што првото место во квалификациите носи поповолна ждрепка за ЕП кое ќе се игра во ноември и декември годинава.

Квотите во Sport Life најавуваат сигурна победа на гостинките, хендикеп границата е поставена на 8,5 гола разлика, а и историјатот на меѓусебните дуели е на страната на Шпанија. Македонија последен пат ја совладала Шпанија во 2011 година.

По овој меч, на 3 март гостуваме кај Шпанија, а за женската селекција на Македонија со „црвено“ ќе бидат заокружени два датума на почетокот на април, кога со гостување кај Азербејџан и домашен меч со Литванија, дуели на кои ќе бидеме фаворити, треба да го потврдиме учеството на ЕП 2024 за дами.

- Оглас -

Најнови вести