Селта Виго ја победи Уеска со 4:3 на гостински терен во меч од 26. коло во Ла Лига, а вистинска голеада имаше и во двете полувремиња со високи коефициенти за 4+ во првото полувреме и 7+ на крајот од мечот.
Двете екипи играа за гол повеќе и во возбудлив меч со пресврти гостите беа подобри за еден погодок. Селта поведе со голот на Санти Мина, па домаќините набрзина со два гола за 120 секунди на Сиовас во 14. и на Мир две минути подоцна направија пресврт и поведоа со 2:1.
На полувремето беше 2:2, а потоа Уеска бркаше негатива од еден гол, откако Селта водеше со 2:3 и 3:4 но не успеа да с спаси од пораз. Коефициентот за 7+ во Sport Life беше огромен и изнесува 51, а нешто помала беше квотата за 4+ во прво полувреме.
Селта се проби на осмото место со 33 бода, а Уеска остана последна и главен кандидат за испаѓање со 20 бодови.