Поради нередовна исплата на плати, шпанскиот второлигаш Реус Депортиу доби драконска казна и не може да се натпреварува во професионалните лиги на Шпанија во следните три години и патем ќе треба да плати парична казна од 250 илјади евра.
Популарната Сегунда во Шпанија ќе продолжи со 21 клуб, сите досегашни резултати на Реус се важечки, а следните мечеви ќе бидат регистрирани со победи на идните ривали со по 1-0.
Таква одлука донесе Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација. Првично беше побарана казна од 5 години забрана, но таа е намалена на три и стапува во сила веднаш.
Играчите на Реус Депортиу немаат земено плата од септември лани, клубот очајно бараше начин да се спаси од казна, но не успеа. Најавени се американски инвеститори со влог од пет милиони евра, но и тоа нема да помогне одлуката да биде променета..
Сите играчи се слободни да одберат нова фудбалска средина во следниот период.