Шпанската принцеза си најде фудбалски принц, идната кралица е вљубена до уши во младата ѕвезда на Барселона

Шпанската принцеза и идна кралица, Леонор, е заљубена до уши во својот фудбалски принц, пишуваат шпанските медиуми. Нејзиниот принц е фудбалерот на Барселона и на шпанската репрезентација, Гави.

Гави со голот против Костарика испиша историја, стана третиот најмлад стрелец во историјата на Светските првенства по Пеле и Мануел Росас, кој пак е стрелец на првиот гол на Мундијалите во 1930 година.

Шпанскиот весник „Ас“ пишува дека 17-годишната Леонор ги собира сите можни сликички со фудбалерот на Барселона кои ги става во посебна тетратка.

Медумите за симпатиите на младата принцеза кон Гави дознаа откако фудбалерот на Барселона му подари дрес на шпанскиот крал Филипе, кој бил помал и очигледно бил наменет за неговата ќерка, Леонор.

Леонор е постара од својата сестра Софија и со тоа е прва наследничка на шпанскиот трон. Доколку кралската двојка не добие машки потомок, Леонор би станала третата кралица во историјата на Шпанија по Хуана Прва од 15 век, како и Изабела Втора од 19 век.

- Оглас -

Најнови вести