Шпанската ѕвезда стигна во Катар, со две маски тешко ќе го познаете

Шпанскиот плејмејкер Санти Казорла, пристигна на аеродромот во Доха каде треба да ги комплетира формалностите околу неговиот трансфер од Вилјареал во Ал Сад, клуб чиј тренер е легендата на Барселона, Чави.

Казорла во катарскиот тим предводен од Чави доаѓа по лично барање на каталонецот. Договорот со Вилјареал му истече и сакаше да ја смени средина и да ја напушти Европа, прифаќајќи ја понудата од Катарците. Претставувањето на 35-годишниот Казорла треба да се случи деновиве, а потоа тој заминува на краток одмор.

- Оглас -

Најнови вести