Шпански второлигаш му нуди договор на Кристијано Роналдо

Шпанскиот второлигашки клуб Кадис се приклучи на бројните шеги на сметка на Кристијано Роналдо по поразот на Јувентус во Лигата на шампионите. Иако Роналдо не потфрли, сепак само во Италија се редат шеги за Јуве, а во остатокот од светот целта е Португалецот како главна ѕвезда од која се очекуваше да му донесе европска слава на клубот од Торино.

„Здраво Кристијано. Немој да бидеш тажен за елиминацијата од Ајакс и дојди во Кадис. За неколку години заедно ќе се бориме за Лигата на шампионите. Силно те прегрнуваме“, стои во објавата на Кадис.

Пред неколку години, во Кадис се шегуваа на сметка на Роналдо правејќи монтажа со слика на Португалецот во дрес на нивниот клуб и насловна страница на весникот „Марка“, каде што ударна вест е „трансфер“ на Роналдо во Кадис.

- Оглас -

Најнови вести