Шпанските медиуми тврдат: Роналдо ќе направи трансфер во Баерн Минхен

Кристијано Роналдо ако остане во Манчестер јунајтед и следната сезона, нема да има шанса да игра во Лигата на шампионите, натпреварување кое е многу важно за него. Затоа сè погласни се шпекулациите за трансфер на Роналдо од „Олд Трафорд“.

Шпанските медиуми со сензационална вест дека Роналдо во следната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен. Португалскиот голгетер би бил замена за Роберт Левандовски ако се случи Полјакот да замине од Минхен.

Роналдо во кариерата има играно во Англија, Шпанија и Италија, но никогаш во кариерата не играл во Бундеслигата, што би бил дополнителен предизивик за Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести