Шпанското првенство продолжува во јуни

Шпанските фудбалски клубови најавија дека во текот на оваа недела ќе продолжат со тренинзи затоа што се очекува на почетокот на следниот месец да продолжи прекинатото првенство во Примера дивисион. Во Шпанија започнува ублажување на мерките кои беа воведени поради пандемијата со корона-вирусот, а тоа значи и набрзо враќање на фудбалот.

„Здравјето на луѓето е најважно и затоа го почитуваме протоколот за заштита на здравјето на сите оние кои се вклучени во Примера дивисион. Се надеваме дека повторно ќе продолжиме да играме во јуни и во летниот период да се комплетира прекинатата сезона“, стои во соопштението на Примера дивисион.

И премиерот на Шпанија, Педро Санчез, е оптимист и верува дека ќе може да потврди дека фудбалот повторно ќе се врати во земјата на некогашниот европски и светски првак.

- Оглас -

Најнови вести