Шпанците денеска имаат само еден рецепт, ќе победи ли и Реал со 2:0?

Шпанците денеска имаат само еден победнички рецепт и сите три дуели завршија со ист резултат, 2:0. Почнаа со триумфот на Селта од 2:0 против Алавес, со идентичен резултат и Гранада го искористи домашниот терен за победа против Бетис, а и третиот од четирите дуели што беа на распоред денеска заврши со 2:0, но овојпат со успех на гостите.

Хетафе конечно успеа да победи по серијата од 7 меча на кои не успеа да освои три бода, а чудно, но вистинито и тие победија со 2:0 како гости кај Кадис.

Вечерва се игра последниот меч од 14-тото коло и последен од четирите што беа на распоред за недела, а Реал Мадрид му е гостин на Еибар на „Ипуруа“ во дуел што ќе почне во 21 часот.

Ако е според денешнитот модел, тогаш Кралевите би требало да слават со 2:0 против аутсејадерот, а за таков исход коефициентот во Sport Life е 6.50.

 

- Оглас -

Најнови вести