Шпанците ги бараа фудбалерите на Шериф за да им постават чудно прашање (ВИДЕО)

Шериф Тираспољ го направи едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на шампионите откако го совлада Реал Мадрид со 2:1.

Тимот во кој настапува и нашиот Бобан Николов беа главна вест во фудбалскиот свет, откако претходно сите ги отпишаа пред доаѓањето на „Сантијаго Бернабеу“, па и пред настапот во групната фаза од Лигата на шампионите.

По завршувањето на мечот, фудбалерите се упатија кон аеродромот во Мадрид, каде што беа пречекани од шпански новинари, кои настапија малку потценувачки и ги прашаа дали ова е професионален фудбалски клуб, односно дали фудбалерите заработуваат само играјќи фудбал.

- Оглас -

Најнови вести