Шпанците ќе уживаат: Алкараз си закажа дуел со Надал во Мадрид

Карлос Алкараз, кој денеска наполни 19 години, го победи Камерон Нори со 6-4,6-7, 6-3 и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид, каде што противник ќе му биде неговиот славен сонародник Рафаел Надал.

Надал, кого го нарекуваат Крал на земјените терени, по драматичниот меч со Давид Гофан денеска, јавно рече дека Алкараз ќе биде фаворит против него. Победникот од шпанското дерби во полуфиналето би требало да се сретне со Новак Ѓоковиќ ако Србинот во четвртфиналето го совлада Хуберт Хуркач.

- Оглас -

Најнови вести