Шпанците најдоа начин како да избегнат карантин – Утре ќе се вакцинираат со еднократна доза против ковид-19

Шпанците најдоа начин како да го решат големиот проблем по позитивниот тест на капитенот Серхио Бускетс и утре ќе ги вакцинираат сите репрезентативци против ковид-19 со еднократна доза на вакцината Јансен.

Ова го одобри Министерството за здравство и на само 3 дена пред почетокот на Европското првенство, репрезентативците на Црвената Фурија ќе бидат вакцинирани.

По мечот меѓу Шпанија и Португалија во петокот, што заврши без голови, беше објавено дека Бускетс е позитивен на корона-вирус. Беше најавено дека Шпанците ќе мора да одат во карантин, а со нив постоеше можност и ривалите од Португалија да бидат во опасност, па и тие да бидат во изолација, што ќе донесеше големи проблеми непосредно пред стартот на ЕП.

Шпанија ќе игра во Е групата со Шведска, Полска и Словачка, а ќе стартува на 14 јуни во Севилја против Швеѓаните.

- Оглас -

Најнови вести