Шпанците се жалат на лошиот терен, тренираа на друг стадион

Репрезентацијата на Шпанија пред четвртфиналниот дуел против Швајцарија не тренираше на теренот на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург затоа што теренот бил лош и не сакаа дополнително да го оштетат. За тим како Шпанија, кој стотици пати ја додава топката ниско по земја, многу е важно теренот да биде рамен и тие додавања да бидат прецизни.

Тие не се задоволни од теренот во Русија, па решија да не тренираат на теренот на кој ќе играат против Швајцарија, туку на „Петровски“. Но, треба да се каже дека и Швајцарците не тренираа на стадионот на кој ќе се игра мечот, што сепак потврдува дека тревата навистина не е во идеална кондиција.

- Оглас -

Најнови вести