Шпанците знаат како да играат, ама не знаат кога

Најдобрите шпански клубови преку видеоврска договорија систем на натпреварување со кое би ја завршиле сезоната, но сè уште не одредија датум.

Сите 18 клубови прифатија да се игра плејоф за титулата во кој ќе учествуваат 12 најдобропласирани екипи, поделени во две групи.

Од шестте клуба во двете групи, во полуфиналето би играле двата најдобропласирани состави, а потоа победниците ги чекаат и мечеви за титулата.

Се најавува дека сите натпревари би се играле во два града, а најзериозни кандидати за организатори се Канарските Острови и Андора, две локации каде што има најмалку заразени и починати луѓе од корона-вирус.

Датумот кога би се играле натпреварите не е одреден, а сè зависи од развојот на настаните со Ковид-19.

Преостанатите шест клуба нема да играат натпревари до крајот на сезоната, но веројатно и ниту една од нив нема да испадне, па од идната сезона популарната АЦБ-лига би се играла со 20, наместо со 18 клубови како досега.

- Оглас -

Најнови вести