Штајкот успеа, Павар кариерата ќе ја продолжи во Интер

Францускиот репрезентативец Бенжамен Павар кариерата ќе ја продолжи во Интер, објавија италијанските медиуми.

Весникот „Газета дело спорт“ објави дека Павар вечерва треба да пристигне во Милано, а трансферот треба да биде официјализиран утре. Трансферот на Павар во Интер доаѓа откако дефанзивецот пред неколку дена започна штрајк бидејќи не сакаше повеќе да игра за Баерн.

Интер за Павар ќе му плати 30 милиони евра отштета, плус дополнителни два милиони во бонуси. Павар во Баерн пристигна во 2019 година од Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести