Штама: Празна сала, Македонија веќе нема ниту еден навивач на СП

Сосема различна е атмосферата во салата на денешниот меч на Македонија против Алжир на Светското ракометно првенство во Полска, во споредба со тоа што беше во претходните седум дена. На првите три меча од групната фаза, Македонија имаше поддршка и од по 2.000 навивачи кои ги бодреа нашите ракометари, во трите порази од групната фаза.

Ако тогаш трибините во салата и атмосферата беше прекрасна, сега ситуацијата е сосема поинаква. Ниту еден навивач на Македонија не остана во Полска да даде поддршка на нашите ракометари на следните три меча кои се дел од Президент купот, на кои учествуваат сите најслаби селекции од осумте групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести