Штета: Рисовите останаа без 12-тиот играч за дуелот против Холандија

Македонската фудбалска репрезентација многу веројатно ќе биде без поддршка од трибините во мечот против Холандија од третото коло во групите.

Од холандската амбасада во Скопје потврдија дека останува на сила забраната за патување во ЕУ од трети земји, вкучувајќи ја и Македонија.

Иако до мечот има доста време, мали се шансите мерките дотогаш да олабават, а Рисовите ќе имаат поддршка за оваа средба само доколку билети обезбедат Македонци кои живеат во Холандија.

Дуелот Македонија – Холандија е закажан за 21 јуни на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.

- Оглас -

Најнови вести