Штета што Чурлинов малку игра – Штутгарт е хит-гостин во Бундеслигата

Штутгарт продолжи да ги гази ривалите во Бундеслигата на гостински терен, денеска го декласираа Аугзбург на „ВВК“ арена со 4:1 и го освоија и 17-от бод на 8 гостувања сезонава.

Дарко Чурлинов не доби шанса да игра денеска и штета е што има мала минутажа во Штутгарт, тим што игра одлично во досегашниот дел од сезоната и со 21 бод е на 10. место во Бундеслигата.

Николас Гонзалес со гол од пенал во 10. минута најави нова победа на Штургарт на гостински терен, а потоа во листата со стрелци се запишаа и Вамангитука, Кастро и Дидави.

Почесниот гол за Аугзбург го постигна Рихтер, кој потоа беше исклучен што им помогна на гостите да слават убедлива победа.

Сезонава на 8 гостувања во Бундеслигата Штургарт загуби само од Волфсбург со 1:0, а на сите останати натпревари остана непоразен и е најдобар гостин сезонава во Германија, заедно со Баер Леверкузен, кој исто така освои 17 бодови на 8 гостувања.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести