Штета: За четири интервенции му избега милениумот

Ако се прашувате кој е голманот со најмногу одбрани во Премиер лигата за изминатава декада, одговорот ќе ве изненади. Бен Фостер, чуварот на мрежата на Ватфорд од 2010 година, па наваму запиша најмногу интервенции, пред имиња како Давид де Хеа, Петр Чех…

Англичанецот е осамен на врвот со вкупно 996 одбрани, односно му фалат уште четири одбрани да оствари цел милениум, а зад него е ѕвездата на Манчестер јунајтед со 825 интервенции. Огромна е и разликата со ексголманот на Челзи и Арсенал, Чех брои вкупно 763 одбрани и е трет на оваа листа.

Фостер оваа деценија ја започна како член на сега второлигашот Бирмингам, а покрај Ватфорд, бранеше и за Вест Бромвич албион. За сите три екипи запиша 334 лигашки настапи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести