Штиндл утна пенал и се тргна наопаку за клубот што постои 121 година

1арс Штиндл промаши пенал во 38. минута на дуелот со Аугсбург и наместо да најави победа со погодок, капитенот на Борусија Менхенгладбах и неговите соиграчи ја продолжија црната серија од 8 меча без триумф.

Аугсбург потоа погоди трипати преку Варгас, Рихтер и Хан за вредна победа од 3:1 што ги оддалечи од зоната за опстанок за 10 бода. Борусија е во голема криза и има 7 порази и само едно реми на последните 8 натпревари, а и вечерва не успеа да ја сопре неуспешната низа.

Голот на Нојхаус во 68. минута беше сао почесен, а тимот стрмоглаво паѓа на табелата во Бундеслигата и сега е 10. место со 33 бода, иако беше меѓу кандидатите за првите четири позиции кои водат во Лигата на шампионите.

Борусија е пред испаѓање и во Лигата на шампионите, откако загуби како домаќин во Будимпешта со 0:2 од Манчестер сити, па на реваншот на истото место, на „Пушкаш“ арена ќе имаат многу сложена задача за да направат подвиг против лидерот во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести