Каков тандем би биле Меси и Роналдо, од Јувентус се јавиле кај таткото на Лео?!

Од Јувентус стапиле во контакт со таткото на Лионел Меси, и се распрашувале дали Лео би бил заинтересиран да му се придружи на италијанскиот првак. Оваа информација не ја објавија ниту шпански, ниту италијански, ниту аргентински медиум, туку француски „Л‘екип“.

Дали со ова Французите сакаат да му дадат надеж на ПСЖ дека битката не е загубена и дека Манчестер сити не е единствената опција за Меси, или навистина кај Јуве има интерес за Меси, останува да се види.

За публиката интересно би било ако ривалите Меси и Кристијано Роналдо заиграат во ист тим кој очајно посакува да ја освои Лигата на шампионите, но тоа делува и невозможно, бидејќи ќе има борба за превласт што би ја расипало атмосферата. Друг проблем за Старата дама е што нема доволно пари за да плати отштета и затоа шансите да го купат Меси не им се баш добри на Бјанконерите.

Но, ова е 2020 година, се покажа дека секакви чуда се случија и ништо не треба да се отфрли однапред, па дури ни чудо од типот Меси и Роналдо да бидат тимски колеги.

- Оглас -

Најнови вести