Што да се типува кога во вторник нема Лига на шампиони?

Денес и утре ќе преовладуваат куп-натпреварувањата од топ 5 лигите во Европа. Иако сите се навикнати во вторник и среда да типуваат на натпревари од Лигата на шампионите, за нив ќе мора да се чека до следната недела, а во меѓувреме редовните типувачи среќата може да си ја пробаат во домашните купови.

 

Борнмут – Норвич (20.45 часот)

Борнмут како прволигаш е фаворит во овој осминафинален дуел од Лига купот на Англија, а уште поголеми им се шансите за победа со фактот дека Норвич ќе биде без ниту еден играч за врска во составот. Тоа се големи проблеми за тренерот Даниел Фарке, кој ќе мора да скрпи тим кој ќе истрча на теренот против расположениот состав на Еди Хау, кој брои три победи и едно реми на последните четири меча во Премиер лигата. Уште поголеми шанси за триумф има Бормунт поради фактот дека победиле на 10 од последните 11 средби во Лига купот кога играле против тим кој не е од највисоко рангираната англиска лига.

Предлог тип: 1&3+ (2.45)

 

Стразбур  – Лил (21.05 часот)

Купот на Франција за прволигашите стартува денес, а мечот меѓу Стразбур и Лил е еден од двата дуели коишто ќе се играат во вечерните термини. И двете екипи на оваа средба влегуваат во добро расположение, во серии без пораз на последните четири натпревари во францускиот шампионат. Лил дава во просек по два гола на последните четири меча, на исто толку Стразбур редовно прима барем еден гол, па вечер нема да биде изненадување ако мрежите повеќе пати се тресат.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.70)

 

Сант Андреу – Атлетико Мадрид (21.30 часот)

За „јорганџиите“ ова треба да биде тренинг-меч, но, четвртолигашот од предградијата на Барселона нема да се предаде предвреме, тоа е сигурно. Диего Симеоне најверојатно ќе им даде шанса на неколку играчи кои сезонава не се во прв план, а тие ќе имаат задача да покажат дека овој дуел навистина ќе биде лесен тест. Атлетико и Сант Aндрeу претходно се сретнаа во 2013 година, а на два пати славеше тимот од Мадрид, со 2-1 и 4-0.

Предлог тип: 2 & 2+I (2.35)

 

Мускрон – Гент (20.30)

Во белсгиската Прва лига овој дуел ќе го отвори 13-тото коло. Шампионот од 2015 година подолго време успева да триумфира на два последователни меча во белгиското првенство, а вечер ќе има шанса да ја нареди и третата победа. Домаќините се во лоши позиција и форма, само со една победа од 12 натпревари не даваат надеж дека можат да извлечат позитивен исход против Гент. Лани Мускрон успеа да изненади со победа од 3-2 против Гент, но тоа е нивниот единствен триумф против денешниот противник на осум меѓусебни пресметки.

Преглод тип: X2 3-6 (2.05)

 

Карпи – Палермо (21 часот)

И без Александар Трајковски, Палермо мора да ја искористи оваа шанса и да ги совлада домаќините кои тонат на табелата во Серија Б. Палермо со евентуална победа со два или повеќе гола разлика може да избие на врвот во шампионатот, токму затоа да се освојат бодови против Карпи е исклучително важно за екипата која ја води Роберто Стелоне. Карпи има само еден триумф во петте последни меѓусебни дуели против Палермо, статистика која никако не оди во нивна полза.

Предлог тип: X2 T22+ (2.65)

- Оглас -

Најнови вести