Што дочека десеткратната гренд-слем шампионка – Венус пак загуби, ќе има сезона со повеќе порази од победи

Украинката Дајана Јастремска успеа да ја победи големата шампионка Венус Вилијамс по голема борба во три сета во првото коло на турнирот Синсинати 2020 од Мастерс серијата што поради пандемијата со корона-вирус е преместен во Њујорк.

Ветеранката со 10 гренд-слем сингл титули поведе со 1:0, откако го доби првиот сет со 7:5, но товарот на годините, а ги има веќе 40 си го сторија своето.

Украинката е 15 години помлада и ја искористи свежината и направи пресврт. Вториот сет го доби со 6:2, а потоа направи клучен брејк за предност од 6:5 и си го одбрани сервисот за 7:5 и триумф од 2:1 во сетови.

Венус сезонава која е скратена поради Ковид-19 има само една победа и нареди пет порази, па и се заканува да има повеќе неуспеси од победи за првпат во кариерата.

https://twitter.com/WTA/status/1297322756258717696?s=20

Сметајќи ги трофеите од сингл, женски и мешани двојки со 26 пехари од гренд-слем турнирите Венус е втората најтрофејна активна тенисерка зад нејзината помлада сестра Серена.

Во следната рунда Јастремска ќе игра со уште една Американка, против Бернарда Пера, која ја елиминира Хедер Вотсон, исто така со победа од 2:1 во сетови.

Во Њујорк се игра и машкиот дел од турнирот што стандардно досега се организираше во Синсинати, а стартот го одблежа кам-бекот на Енди Мареј.

Британецот го одигра првиот официјален меч во 2020 година и победи со 2:1 против Американецот Тифо. Некогашниот гренд-слем шампион моментно е 129. на АТП листата, а во второто коло ќе игра со петтиот носител Александер Зверев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести