Што договараа Ѓоковиќ и Шевченко на еден месец пред Србија – Украина?

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и претседателот на Украинската фудбалска федерација, Андриј Шевченко, се блиски пријатели и ја користат секоја можност да се видат и да седнат на заедничка вечера. Шевченко често седи во ложата на големите турнири на коишто игра Србинот.

Фудбалските репрезентации на Украина и Србија се во иста група од квалификациите за Евро 2020. Украина дома победи со 5-0 и веќе се пласираше на завршницата. Но, на 17 ноември Србија ја пречекува Украина и мора да победи ако сака да остане во трка со Португалија за второто место.

Секако, фотографиите се доволна причина за шпекулации дека можеби Ноле пријателски го замолил Шева украинските фудбалери да не играат со 100 отсто од своите сили во Белград на 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести