Каква бламажа на Пауло Соуса – Ги предаде Полјаците пред баражите за СП, го нарекоа дезертер (Фото)

Полската фудбалска репрезентација се наоѓа во многу незгодна ситуација на околу 3 месеци до бараж-дуелот со Русија, што може да ги приближи на еден чекор до настап на Мундијалот во Катар, а во фокусот е селекторот Пауло Соуса, кој побарал да си замине.

Португалецот има понуда од бразилски Фламенго и веќе му најавил на претседателот на Полската федерација, Цезари Кулеша, дека сака да го раскине договорот.

Настанала голема кавга, а Кулеша го одбил барањето на Соуса, но по сè изгледа дека Португалецот е решен да си замине.

Полските медиуми, навивачите, фудбалерите и раководството на федерацијата се бесни по шокантниот потег на Соуса, а во еден од насловите во тамошните медиуми тој е наречен дезертер.

Полска треба да игра со Русија на гости на 24 март, а потоа ако победи, би играла со подобриот од полуфиналниот бараж-меч меѓу Шведска и Чешка на 29 март за пат во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести