Што фрли погоди – Ларкин во НБА стил до рекордни 49 поени со 10 тројки (Видео)

Шејн Ларкин одигра симултанка против кошаркарите на Баерн Минхен и постигна неверојатни 49 поени со погодени 10 тројки од 12 обиди.

Американецот го урна рекордот во Евролигата од 41 поен, а Ефес убедливо го победи Баерн со 104:75. Турскиот тим сега е лидер на табелата во Евролигата со 9 победи и два порази, но Барселона може да се израмни на врвот на табелата ако вечерва ја победи ЦСКА Москва.

Покрај Ларкин кој беше убедливо најдобар стрелец на мечот во Истанбул, се истакна и Санли со 17 поени. Кај гостите кои претрпеа катастрофа Лучиќ беше прв стрелец со 20 поени.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести