Што гледаше судијата? Го искрши противникот, не доби ниту жолт картон (Видео)

Барнли го победи Шефилд јунајтед на пенали во меч од Лига купот на Англија, но успехот на домаќините остана во сенка на тешката повреда на Јохан Берг Гудмунсон во 15-тата минута.

Џек Робинсон стартуваше брутално врз Исланѓанецот, а за чудо не беше исклучен, ниту пак доби жолт картон. Гудмундсон заработи тешка повреда на потколеницата и беше изнесен од теренот на носилки.

Во регуларниот дел од мечот заврши нерешено, 1:1, а стрелци беа Мек Голдрик за гостите и Видра за домаќините.

Потоа се изведуваа пенали, а во втората рунда во Лига купот на Англија се пласираше Барнли. Сите пет играчи на домаќините беа прецизни од белата точка, додека кај Шефилд јунајтед промаши Мек Бурни во втората серија и Барнли го доби дуелот на премиерлигашите во стартната рунда.

 

- Оглас -

Најнови вести