Што ќе им е Веѓата, кога Пеликанс го имаат Зајон (видео)

Претсезонските подготовки засега се одвиваат според планот за Њу Орлеанс пеликанс. Ноќеска ја остварија втората победа совладувајќи го Чикаго булс со минимални 127:125, во мечот во кој Зион Вилијамсон повторно доминираше на паркетот. Првиот пик на драфтот се истакна како најефикасен играч на Пеликаните со 29 поени и по четири скока и асистенции, притоа погоди 12/13 од игра.

На Зајон му беа потребни помалку од 27 минути за учинокот, а воедно му помогна на тимот да надополни -23 поени разлика и да ја запише новата победа. Со одличните партии, Вилијамсон ги натера Пеликанс брзо да го заборават Ентони Дејвис, кој од ова лето е член на ЛА лејкерс и докажа дека уште во дебитантската сезона во НБА-лигата може да биде лидер.

Ноќеска се одиграа уште четири средби. Милвоки ја совлада Јута со 133:99, Детроит беше подобар од Далас со 124:117, Орландо славеше над Атланта со 97:88, додека Мајами го надигра Шарлот со 108:94.

- Оглас -

Најнови вести