Што ќе кажат навивачите? Најскапиот играч на Арсенал сонувал да игра за Челзи

Арсенал речиси цел преоден рок одолеваше да го одврзе ќесето за да доведе квалитетно засилување во своите редови, но по загубената битка за потписот на Вилфред Заха, раководството одлучи да инвестира во сензацијата на Лил, Николас Пепе. Брежанецот пристигна на „Емирати“ за сума од 72 милиони фунти, што е апсолутен рекорд на Топчиите, така што од него се очекуваат големи нешта.

Сепак, Пепе уште од стартот на неговата авантура во Лондон може да ги загуби сите кредити кај фановите, иако допрва треба да се докажува на терените. Имено, тој пред две години во интервју за една француска телевизија истакнал дека сон му било да заигра за Челзи.

Пепе во тој период беше член на Анжер, а негова желба било да се пресели на Островот и да го облече дресот на Сините. Но, со оглед на околностите (Челзи има забрана од ФИФА да купува играчи ова лето), немало шанси да се овозможи трансферот, па така репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска заврши во редовите на Арсенал.

„Челци е клубот за кој сонувам да играм. Не би потпишал за ниту еден друг англиски клуб“, изјави Пепе во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести