Што мисли Федерер за одење во пензија

Роџер Федерер немаше сила да му се спротистави на Новак Ѓоковиќ и Швајцарецот беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија. Федерер водеше со 5:2 во првиот сет, но потоа Ѓоковиќ направи пресврт и го доби првиот сет со 7:6. Во следните два сета Новак не му даде шанса на големиот ривал да се надева на триумф.

За легендарниот Швајцарец ова беше дури 28-ми пораз во дуелите со Ѓоковиќ. Федерер има 38 години, а по поразот, новинарите се интересираа дали ова беше негова последна сезона на терените во Мелбурн.

„Не знам. Немам идеја, исто како што беше и минатата година. Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина, посебно во моите години. Самодовербата не ми недостасува, одлично тренирам и засега немам немам да одам во пензија. Ќе видиме како ќе се одвива годината, а потоа ќе разговарам со моето семејство“, рече Федерер.

 

- Оглас -

Најнови вести