Што може Динамо со традиција од 10 меча без победа? – Бјелица: Во Харков ќе испишеме историја

Динамо Загреб ќе има исклучително незгодно гостување во Харков, утре кај Шахтар, во меч од третото коло во Лигата на шампионите.

Иако Шахтар е од Доњецк, не игра на својата арена од политички причини, па во Харков ќе го пречека хрватскиот првак, кој има многу лоша традиција и биланс во дуелите со украинските екипи.

На вкупно 10 дуели со украински екипи, Динамо нема ниту една победа, а и утре е аутсајдер. Веројатно ќе мора да игра без капитенот Аријан Адеми и без напаѓачот Бруно Петковиќ.

„Ја знаеме традицијата, но успеавме да урнеме неколку такви лоши серии за нас, па зошто да не успееме и сега. Ќе играме против една силна екипа што е постојан учесник во Лигата на шампионите, но верувам дека можеме да бидеме подобри од нив“, вели Ненад Бјелица, тренерот на Динамо.

Во 2008 година Шахтар двапати го победи Динамо во плејоф-рундата за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. На „Максимир“ беше 1:3 за Украинците, кои славеа и во реваншот со 2:0 и со вкупен резултат од 5:1 се пласираа во фазата по групи.

 

- Оглас -

Најнови вести