Што му кажа Лукаку на Ибрахимовиќ по третиот гол во дербито?

Интер вчера го декласираше Милан со 3-0 во градското дерби и битката за титулата во Италија, а третиот гол за Нераѕурите беше дело на Ромелу Лукаку, кој откако дојде во Интер, на секја од петте пресметки против Росонерите дава гол.

Тоа беше повод Лукаку да упати поздрав до Златан Ибрахимовиќ, со кого имаа конфликт на претходниот меч, во Купот на Италија, кога за малку ќе се случеше голема тепачка помеѓу нив. Овојпат беше покултурно, но Белгиецот дочека шанса да испрати порака до Швеѓанецот, кој игра за Милан.

„Јас сум, тоа сум јас, најдобриот“, викаше Лукаку по голот, а многумина толкуваат дека на таков начин сакал да се обрати до Ибра, кој за себе смета дека е најдобар на светот.

На овие зборови Златан му возвратил со бакнеж.

- Оглас -

Најнови вести