Што му недостасува на Дибала во Јувентус?

Пауло Дибала ја доби битката со корона-вирусот по месец и половина минати во карантин, а вели дека има голема желба повторно да игра во тандем со Пол Погба.

Некогашните соиграчи од Јувентус настапуваа заедно во „црно-белиот“ дрес во сезоната 2015/16, а потоа Погба се врати во Манчестер јунајтед за сума од 105 милиони евра.

„Пол е фантастичен играч и одличен човек и искрено би сакал повторно да бидеме соиграчи. Секој клуб би посакал да има таков играч, но не сум сигурен дека желбата ќе ми се исполни“ вели Дибала.

Десетката на Јувентус вчера објави дека конечно е излекуван од корона-вирусот по четири позитивни тестови и очекува да ги почне подготовките за продолжување на сезоната во Серија А и во Лигата на шампионите.

Погба играше за Јувентус од 2012 до 2016 година, откако Сер Алекс Фергусон го испрати во Торино бесплатно бидејќи сметаше дека не е доволно талентиран да игра за Манчестер јунајтед. По 4 години, Црвените ѓаволи си ја признаа грешката и за сума од 105 милиони евра го вратија на „Олд Трафорд“.

Сега Погба е незадоволен од статусот што го има кај најтрофејниот англиски клуб, па Јувентус повторно е заинтересиран за ангажман на актуелниот светски првак, со што желбата на Дибала може да биде и реализирана.

- Оглас -

Најнови вести