Што му недостасува на Харден да биде како Брајант?

Нова вечер, нов натпревар за Џејмс Харден во кој брилјираше во дресот Хјустон. „Ракетите“ го растурија Кливленд со 141:113, а „Брадата“ заврши со троен учинок од 43 поени, 12 асистенции и 10 скока, веќе негов шести оваа сезона.

Харден по овој меч се издвои од останатите актуелни и поранешни ѕвезди во НБА лигата. Стана првиот кошаркар во историјата кој успеал да забележи троен учинок за помалку од 30 минути и при тоа погодил 40 или повеќе поени. Токму така, Харден постина 40 поени пред почетокот на решавачката четвртина, додека во последните 15 меча одржува просек од 40.5 поени по натпревар, учинок кој претходно го остварил само Коби Брајант.

Но, што му недостасува да биде како легендарниот „езерџија“? Шампионски прстен, поточно пет шампионски прстени. Харден игра за него, победува за Хјустон, но му недостасува најпосакуваниот кошаркарски „накит“, за да биде на рамниште со Брајант.

Со вакви настапи, прашање е на време кога ќе ја донесе титулата во Тексас.

- Оглас -

Најнови вести