Што му се случи на Дурант, пак ќе оди во карантин и ќе пропушти четири меча

Строгите протоколи во НБА што се однесуваат на пандемијата со корона-вирус го вратија Кевин Дурант во карантин и ѕвездата на Бруклин нетс ќе мине 7 дена во самоизолација, што автоматски значи дека нема да настапи на следните четири натпревари.

Дурант, кој „прележа“ корона-вирус лани пролетта, сега не е позитивен на тест за ковид-19, но бил во друштво со личност која е позитивна и ќе мора да оди во карантин според правилникот на НБА за пандемијата објавен на 134 страници.

Во слична ситуација беа и играчите на Хјустон, Џон Вол и Де Маркус Казнс, кои беа на групно шишање во присуство на личност заразена со ковид-19, па и тие мораа во самоизолација.

Дурант нема да игра ноќеска од 01.30 часот против Јута џез, а потоа ќе ги пропушти и натпреварите на Бруклин против Филаделфија 76, Мемфис гризлис и Оклахома сити тандер.

 

- Оглас -

Најнови вести